петок, 18 октомври 2024

Две експлозии во близина на гробницата на иранскиот генерал Касем Сулејмани, 73 лица убиени (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица се убиени во два бомбашки напади во близина на гробницата на генералот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани на четвртата годишнина од неговиот атентат, јавуваат државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државната телевизија Ириб соопшти дека уште 171 лице се ранети кога експлозиите ја погодиле поворката во близина на џамијата Сахеб ал-Заман во јужниот град Керман.

Се наведува дека заменик-гувернерот на Керман рекол дека станува збор за „терористички напад“, пренесе Би-би-си.

На видео што циркулира на интернет се гледаат неколку тела на пат.

Стотици луѓе, наводно, оделе кон гробницата во средата, како дел од церемонијата за комеморација на генералот Сулејмани, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало во соседен Ирак во 2020 година.

Сулејмани се сметаше за најмоќната фигура во Иран по врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Како командант на огранокот за прекуокеански операции на Револуционерната гарда, силите Кудс, тој беше архитект на иранската политика низ регионот.

Тој беше задолжен за тајни мисии на силите Кудс и за обезбедување насоки, финансирање, оружје, разузнавање и логистичка поддршка на сојузничките влади и вооружените групи, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах.

Тогашниот американски претседател Доналд Трамп, кој го нареди атентатот во 2020 година, го опиша Сулејмани како „терорист број еден во светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ