Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.
Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.