вторник, 22 октомври 2024

Двајца сопатници тешко повредени во одделни сообраќајки во Охрид и Струга

Вчера утррото во 8 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, на место викано Оровничка плажа, патничко возило фолксваген голф со тетовски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен тетовчанец излетало надвор од коловозот, а седум часа подоцна била пријавена и сообраќајната несреќа во Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот (32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“, информира МВР.

Вчера во 15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на село Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило мерцедес со струшки регистарски ознаки, управувано од 42-годишен стружанец и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од 28-годишно маж од Струга.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 27-годишна стружанка, сопатничка на мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ