Како што пренесува 24ур, станува збор за 20-годишен хрватски државјанин на кој му е забрането понатамошно возење и е приведен пред суд по итна постапка.
Тој бил фатен во акција која во неделата попладне ја извеле припадници на Специјализираната единица за надзор на сообраќајот на автопатот од Обрежје до Љубљана.
Словенечката полиција утврдила дека станува збор за возач почетник, кој има возачка дозвола година и пол. Пропишаната казна за возач почетник е 1.200 евра и казнени бодови поради кои може да престане да му важи возачката дозвола.