петок, 21 февруари 2025

ДУИ пак манипулира, државниот врв сепак испрати честитки за независноста на Косово

Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово, соопшти утрово ДУИ. Сепак, официјалните информации се сосема поинавки.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера таква честитка испратија и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Собранието Африм Гаши. Од Владата велат дека премиерот Христијан Мицкоски, преку Министерството за надворешни работи упати официјална честитка за Денот на независноста на Косово, согласно протоколарните правила и прописи, што е соодветен и официјален начин.

Освен тоа, официјалните информации кажуваат дека првиот заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република Косово, организирана од претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

И покрај ова, ДУИ на Али Ахмети денеска продолжи да манипулира со своето гласачко тело.

Овој чин не само што е дипломатски превид, вели ДУИ, туку е и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедство и регионална соработка. „Таквото однесување е резултат на растечкото влијание на концептот на ‘Српскиот свет’ во Северна Македонија — проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата. Промовирањето на оваа идеологија на сметка на пријателските односи со Косово е недозволиво и штетно“, смета ДУИ.

Во вчерашното соопштение од Собранието на Македонија се вели дека Гаши, како претседател на Собранието го истакнува партнерството и одличните пријателски односи меѓу двете земји. Изградбата на успешна демократска држава и интеграцијата на Косово се мирољубиви битки што косовскиот граѓанин заслужува да ги добие, се вели во честитката на Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ