среда, 23 октомври 2024

Дугари: Репрезентации како Македонија, Албанија, Словенија, Косово… се бескорисни и не треба да се гледаат

Објавено на

часот

Сподели

Франција ги истури комплексите врз Гибралтар кој го победи со 14-0. За разлика од други селекции кои играат против послаби тимови, Французите не олабавија откако го решија мечот, напротив ја наполнија мрежата на противникот до крајот.

Брзо по тој натпревар, Дугари ја презентираше својата арогантност и навреди многу репрезентации меѓу кои и нашата.

„Мечот против Гибралтар ќе остане во книгите како анегдота. Сите овие „кикирики“ натпревари немаат никаква корист. Го гледав мечот Франција – Гибралтар само затоа што е моја работа, но има многу селекции кои немаат никаква врска со овие квалификации за ЕП“, вели Дугари.

„Гледам натпревар по натпревар на земји како Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија, Косово, Андора, Ерменија…. сите овие селекции се бескорисни и никогаш не треба да ги гледаме“.

За тоа каков фудбалски аналитичар е Дугари може да послужи фактот дека меѓу селекциите кои ги наброја има и две кои се пласираа на Европското првенство, тоа се селекциите на Словенија и Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ