понеделник, 21 октомври 2024

Државниот обвинител Коцевски негира дека вршел притисок врз јавни обвинители

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска преку писмена изјава ги отфрли, како што вели тој, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје за кои тврдења до овој момент не е презентиран ниту еден доказ Коцевски не прецизира на кои точно тврдења мисли, но неодамна вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи обвини дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе постапува по предметот за бонусите што си ги доделија вработените во некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Објавено на

часот

Сподели

Коцевски во писмената изјава вели дека контролата во Вишото јавно обвинителство Скопје ја опфаќа работата на сите јавни обвинители во тоа обвинителство, а обвинителите кои чесно и одговорно си ја вршеле работата немаат ниту реакции, ниту стравувања, бидејќи знаат дека контролата се спроведува согласно закон.

„Од позиција на Државен јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам“, вели Коцевски.

Државниот обвинител тврди дека лажните тврдења за наводни притисоци почнале веднаш по започнување на контролата, што само му потврдило дека работата што ја презел е исправна и од тоа нема намера да отстапи.

„Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи! Кога ја презедов функцијата јавен обвинител дадов заклетва дека оваа функција ќе ја вршам чесно и одговорно и ветување дека ќе ја вратам довербата во јавнообвинителската организација. Тоа и ќе го направам. Сите сознанија до кои ќе дојдам по извршената контрола и сите информации кои деновиве продолжуваат да пристигнуваат до мене имам намера да ги објавам веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство“, вели Коцевски.

Тој информира дека до крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во обвинителството за борба против организиран криминал (ОЈО ГОКК).

„За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда“, вели во писмената изјава државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи неодмана го обвини Коцевски дека директно му посочил да внимава како ќе постапува по предметот за бонусите што си ги доделија вработените во некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

И од Советот на јавни обвинители најавија дека ќе го разгледат случајот откако вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот побарал одржување на јавна седница.

Во јули годинава шефот беше објавено дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои тогашната шефица Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, иако предметот го водел друг обвинител. На ваквата одлука ВМРО-ДПМНЕ поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје.

И премиерот Христијан Мицкоски го коментираше случајот. Според него, има многу работи за кои Јавното обвинителство треба да даде одговор.

„Морам да кажам дека е шокантно тоа што успеав да го прочитам. И ако е тоа навистина така, мислам дека и државниот јавен обвинител треба да излезе и да објасни во јавноста што е вистината и мислам дека ако е ова точно и ако се потврди како точно, бидејќи се сеќавате ние уште писмото на Катица Јанева од затвор не сме го виделе. Се сеќавате, тоа писмо што од затвор го пишуваше Катица Јанева овозможи овие процеси што беа дел од поранешното СЈО кое, знаете, се распадна поради една чанта од марката Луј Витон полна со странски валути, продолжија да функционираат и ние како политичка партија сме сѐ уште жртва на системот“, изјави минатиот петок Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ