петок, 22 ноември 2024

Друштво Преспа: Пописен фалсификат за Македонците во Албанија, грубо мешање на Бугарија

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа” ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември. Бројот на Македонците и Бугарите и се груб пописен фалсификат, се вели во реакцијата на Друштво Преспа.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) во Албанија живеат 2.281 „северномакедонци” (на пописот во 2011 година биле регистрирани 5.512 Македонци) и 7.597 Бугари (на пописот во 2011 – 0).

Во Албанија не само во пограничниот регион со векови живее домородно македонско население.

„Во Албанија етнички Бугари нема. На ниту еден попис од 1912 до 2023 година на целата територија на Албанија не се попишал ниту еден Бугарин.

Протестираме до претседателот, Собранието и Владата на Албанија затоа што подлегнаа на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, ако Тирана не впиши Бугари во Законот за националните малцинства и доколку не декларира Бугари на последниот попис на населението.

Упатуваме остри критики и до општинската управа на Пустец и до градоначалникот кој  беше сервилен кон бугарската пропаганда и кон бројните посети на бугарски претставници кои доделуваа материјална помош за општината Пустец, а се знаеше дека Софија тоа го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија.

На пример, градоначалникот присуствуваше на прием на бугарската амбасада во Тирана, на бугарската фондација „Бугарска памет“, прифати материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се Бугари.

Европската Унија мора да преземе мерки против Република Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се Бугари по потекло.

Најавуваме дека ќе организираме неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го стори Грчката заедница во Албанија.

Бараме и македонската Влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да преземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија.

Бараме одговорност и од Владата на Албанија затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската Влада грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија“, се вели во реакцијата на Друштво Преспа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ