вторник, 22 октомври 2024

Дронови паднаа во руската област Калуга, на околу 300 километри од Москва

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Владислав Шапша објави дека не е забележана детонација при падот на беспилотните летала, а областа на несреќата била опколена од истражители кои спроведуваат истрага.

„Областа е оградена“, напиша Шапша на апликацијата за пораки Телеграм.

Според информациите на Шапша, беспилотните летала паднале на околу 280-300 километри од Москва.

Украина сѐ уште не го коментираше инцидентот.

Минатата недела Русија соопшти дека украински беспилотни летала погодиле богати области на Москва, што Киев го негира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ