недела, 20 октомври 2024

Дождот продолжува да врне, речиси изедначени дневните и ноќните температури

Синоптичарите и за денеска прогнозираат облачно и посвежо со врнежи од дожд преку целиот ден,, наместа обилни и над 40 литри на м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје утринската температура изнесува 14 степени и не се очекува да се искачи над 16 степени во текот на денот.

х

УХМР предупредува дека, доколку овие врнежи се со голем интензитет и за кратко време паднат на одредени помали сливни површини, во текот на ноќта и утрото можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина.

На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби поради истечни и канализациски води можна е појава на локални комунални проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ