недела, 20 октомври 2024

Дождот поплави подруми во Дебар и дел од патот кај Долно Косоврасти

Обилните врнежи од дожд создадоа проблеми во дел од западна Македонија, а особено во Дебар, каде има поплавени подруми, како и кај Долно Косоврасти. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера се гаснеле 14 пожари, од кои два биле со сериозен интензитет и се заканувале да зафатат куќи.

Објавено на

часот

Сподели

Заради обилните врнежи дожд што ја зафатија Општината Дебар и околината Регионалниот Центар за управување со кризи – Дебар информира дека има поплавено неколку подруми во населбата Венес 2 и во другиот дел од градот каде што на терен се излезени екипи од ЈП Стандард и пожарникарите од ТППЕ Дебар, но немало некои поголеми материјални штети.

Од големите врнежи во атарот на село Долно Косоврасти реката којашто доаѓа од атарот на село Горно Косоврасти излегла од своето корито и го поплавила патот и блиската околина до течението со вода и со наноси од земјена и камена мешавина – лава/кал. На местото на настанот било веднаш интервенирано со градежна машина – булдожер од фирмата Кнауф Дебар и со приватни камиони, по што патот и коритото на реката се исчистени и патот бил повторно прооден, велат од ЦУК.

Инаку, вчера биле изгаснати 14 пожари во земјава, а еден од нив бил особено сериозен, кај селото Жеганци во Општина Чешиново – Облешево, на влезот до селото кај локалниот канал. Огнот засилен од ветерот, со голема брзина се ширел кон куќите. Интервенирале пожарникари од Кочани кои го локализирале огнот, а по извесно време и го угаснале пожарот.

Сериозен пожар имало и во Општина Неготино кај месноста Трафостаница – Дубрава.

ЦУК апелира итните случаи и опасностите за граѓаните, за нивните материјални и за приодните добра да се пријавуваат на Единствениот телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК, со што, како што нагласуваат, побрзо се лоцира местото на настанот, како во урбана средина, така особено што е на терен на отворено, со што се има можност и побрзо и поефикасно се ангажираат институциите од Системот за управување со кризи

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ