понеделник, 21 октомври 2024

Доскорешниот републички обвинител Јовески отпадна од трката за уставен судија

Владеачката СДСМ денеска на собраниската Комисија за избор и именувања го повлече предлогот, Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд.

 

Објавено на

часот

Сподели

Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови е заглавена во Собранието.

Последниот избор беше на 12 декември 2023 година кога универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ Анастасовска беше избрана за уставен судија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ