сабота, 26 октомври 2024
Лига на шампиони

Дортмунд вторпат го победи Њукасл, Барса загуби од Шахтар (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд оствари многу важна победа, со 2-0 триумфираше над Њукасл во групата на смртта, Барселона киксна, загуби со 1-0 на гостувањето кај Шахтар.
 

Објавено на

часот

Сподели

Борусија Дортмунд по вторпат го победи Њукасл, овојпат на свој терен и направи крупен чекор кон пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Резултатот го отвори Фулкриг по една убава акција во 26. минута.

Њукасл напаѓаше да изедначи, особено во вториот дел. Таквата игра ја искористи домаќинот и по еден контра-напад во 79. минута Брант реализираше и ги постави конечните 2-0.

Барселона одигра лош меч на гостувањето кај Шахтар и загуби со 1-0.

Единствениот гол се случи во 40. минута, а го постигна Сикан.

Барселона ги доби претходните три меча, па уште се наоѓа во одлична позиција за пласман понатаму, но овој пораз е опомена дека уште ништо не е готово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ