Дончиќ веројатно од наредната недела ќе почне да игра за Лејкерс, во моментов уште е во аут поради повреда. Но, Словенецот и крај клупата е инспирација за неговите соиграчи кои одиграа одличен меч.
Леброн Џејмс беше најдобар на теренот, за 30 одиграни минути постигна 26 поени, имаше девет асистенции и осум скокови. Хачимура и Ривс дадоа по 20 поени. Најдобар кај Клиперс беше Пауел исто така со 20 поени.
Резултати:
Филаделфија – Далас 118-116
Бруклин – Хјустон 99-97
Кливленд – Бостон 105-112
Торонто – Бостон 115-121
Чикаго – Мајами 133-124
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97-122
Портланд – Индијана 112-89