петок, 21 февруари 2025

Дончиќ е далеку од добра форма, Лејкерс загуби и од Шарлот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс беше голем фаворит против Шарлот, но загуби од аутсајдерот на свој терен со 100-97.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ уште се бара, Словенецот е далеку од добра форма, а тоа се одразува и на резултатот на тимот.

На мечот против Шарлот, Дончиќ погоди само 5/18, а за тројка беше посебно непрецизен, едвај 1/9, плус загуби шест топки. Оваа статистика е многу далеку од неговото најдобро ниво.

Ситуацијата можеше да ја спаси Леброн Џејмс, но во клучните моменти и тој два пати промаши за израмнување и Шарлот се израдува на неочекуваната победа.

Бриџис и Бол беа најзаслужни за неа, првиот постигна 29, а вториот 27 поени што значи дека тие двајцата реализираа повеќе од половина поени на Хорнетс. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 26 поени, 11 асистенции и 7 скока, а Дончиќ и покрај лошото издание, беше блиску до трипл дабл, постигнувајќи 14 поени, 11 скока и 8 асистенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ