Дончиќ не може сам, му недостасува Леброн кој е во аут поради повреда. Словенецот пружи одлична партија, но таа не беше доволна за победа.
Словенецот даде 45 поени, имаше и 11 скокови, Ривс постигна 28 поени. Најдобар кај Милвоки беше Адетокумбо кој реализираше 24 поени, имаше 12 скокови и девет асистенции.
Лејкерс кој претходно имаше долга победничка серија, врза три порази по ред и падна на четвртата позиција во западната конференција.
Резултати:
Детроит – Вашингтон 125-129
Милвоки – ЛА Лејкерс 126-106
Чикаго – Бруклин 116-110
Њу Орлеанс – Орландо 93-113
Голден стејт – Сакраменто 130-104