сабота, 19 октомври 2024

Додик: Срамно обвинение, американскиот амбасадор покажува србофобија

Објавено на

часот

Сподели

Тој најави поднесување тужба против обвинителот поради злоупотреба на службената позиција.

„Зад сето ова всушност стои сила зад која стои американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина кој ја покажува својата србофобија“, кажа Додик на вонредна конференција за новинарите во Бања Лука.

Тој кажа дека не постои закон според кој можат да го поднесат обвинението.

„Можевте да видите дека само американската амбасада и непостоечката канцеларија на меѓународниот претставник се огласија. Немав дилема околу тоа што да направам, ја работев својата работа, го потпишав указот и тоа ќе продолжам да го правам. Сè поуверен сум во ова што го правам сега“, кажа Додик.

„Обвинителството на БиХ нема уставна основа и уставот не ѝ дава овластување на БиХ да се бави со овие прашања. Очекувам судот да има повеќе слух од обвинителството кое беше приморано ова да го направи“, кажа Додик.

Тој истакна дека е спремен на секој вид легитимна борба и апелираше до граѓаните да се обединат околу институциите.

Претседателот на РС најави и дека на 22 август ќе продолжат разговорите во собраните на БиХ.

„Сметам дека ова е сериозна прилика да добиеме вистински системски решенија за судот и обвинителството“, наведе Додик.

Обвинителството на БиХ потврди дека поднело обвинение против Додик за неизвршување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Обвинението е проследено на потврдување во судот на БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ