петок, 7 февруари 2025

Додик: Политиката на Трамп ја обесмисли Европската Унија

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик истакна денес дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп го обесмислила процесот на европските интеграции и најави дека тоа ќе има влијание и на состојбата во Босна и Херцеговина бидејќи Република Српска ќе ја ревидира својата начелна поддршка за приклучување во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик на новинарите во Бања Лука им кажа дека досегашните постапки на претседателот Трамп покажуваат дека Европа ќе има многу проблеми со Америка и дека е „глупаво да се трча на таа страна“, односно да се тежнее кон полноправно членство во ЕУ, што е клучната надворешнополитичка цел за која се одлучи БиХ како држава и околу што до сега постоеше каква-таква согласност меѓу сите политички партии во земјата во која се главно скарани околу сите други политики.

„Европскиот пат е штетен за РС. Тој ѝ ги одзема институционалните капацитети и овластувања“, кажа Додик денес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ