„Што се однесува до нас, ставивме точка на санкциите. Нека зборуваат што сакаат, ние немаме време да се бавиме со тоа ниту пак сакаме“, им кажа Додик на новинарите, повикувајќи ги медиумите во РС „да престанат да пишуваат за тоа“.
Потоа на социјалната мрежа Икс напиша дека е „излишна секоја приказна за санкциите“, повикувајќи ги сите „да престанат да коментираат било што“.
„Тоа за нас во Српска не е тема, бидејќи токму тие кои го уриваат меѓународниот поредок и владеењето на правото сакаат тоа да ни биде топ тема“, наведе Додик.