вторник, 22 октомври 2024

Додека ФСС реагира на навредите кон Србите, ФФМ останува глува на пцовките кон Македонците

Фудбалскиот сојус на Србија (ФСС) веднаш реагираше на националистичкото скандирање на мечот меѓу Албанија и Хрватска, но од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) засега молк на навредите кон Македонците од страна на фудбалерот Мирлинд Даку и албанските навивачи.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот меѓу Албанија и Хрватска изобилуваше со примитивно националистичко скандирање од трибините. Заедничка мета на албанските и хрватските навивачи беа Србите, но по мечот паднаа навреди и за Македонците.

За ситуацијата да биде уште поалармантна стои фактот дека главен во навредите кон Македонците беше албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку. Одговорноста на фудбалерите е значително поголема од онаа на навивачите, па Даку треба да добие сериозна казна од УЕФА.

ФСС веднаш излезе со осуда на националистичките скандирања и побара жестока казна за Албанија и Хрватска, дури се закни и со излегување на Србија од Европското првенство.

Но, од ФФМ нема никаква реакција досега, тотален молк, никаква осуда за испадот на албанскиот фудбалер, ниту барање на казна за него и Албанците кои на голема сцена навредуваа Македонци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ