Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, како и во пограничните делови со територијата на Албанија.
Претходно, исто така вчера, во 14:07 часот Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше посилен земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.6.