петок, 27 декември 2024

Добитникот на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на Охрид, Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка со Кругман на дел од најзначајните културно-историски локации.
„Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самуиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата „Св. Софија“ и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци“, информираат од Владата.
Обиколката на Охрид, Ковачевски, Бесими и Кругман, ја завршиле со посета на болничките цркви „Св. Богородица“ и „Св. Никола“ кај Долна Порта, по што имале работен ручек на кој разговарале за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ