петок, 21 февруари 2025

До 20 милијарди долари за обнова на Газа во рамки на арапскиот план

Се очекува египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси утре да отпатува во Ријад, каде би требало да разговара за арапскиот план за Газа, кој би можел да вклучува до 20 милијарди од регионот за обнова, кажале два египетски безбедносни извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Арапските држави планираат да разговараат за повоениот план за Газа за да се спротивстават на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на тој појас и раселување на Палестинците, кој ги налути регионалните лидери.

Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Катар би требало да го разгледаат арапскиот план во Ријад пред тој да биде претставен на арапскиот самит кој ќе се одржи во Каиро на 4 март, пренесува Ројтерс повикувајќи се на свои извори.

Во петок се очекува собирање на лидерите на арапските држави, вклучувајќи ги Јордан, Египет, ОАЕ и Катар, во Саудиска Арабија, која ги предводи арапските напори во врска со планот на Трамп, иако некои извори наведуваат дека датумот сè уште не е потврден.

Арапските држави беа вџашени од планот на Трамп да ја „исчисти“ Газа од Палестинците и поголемиот дел од нив да ги пресели во Јордан и Египет, за да создаде блискоисточна ривиера. Таа идеја веднаш ја отфрлија Каиро и Аман, а во поголемиот дел од регионот планот се смета за длабоко дестабилизирачки.

Арапскиот предлог, кој главно се заснова на египетскиот план, предвидува формирање на национален палестински комитет за управување со Газа без учество на Хамас, со меѓународно учество во обновата и без раселување на Палестинците во странство.

Придонесот од 20 милијарди долари кој би го финансирале арапските и заливските држави, што двата извори го навеле како веројатна цифра, би можел да биде добар поттик за Трамп да го прифати планот, кажа Абдулхалек Абдула, академик од Каиро.

„Трамп гледа низ призмата на трговијата, така што 20 милијарди долари за него би звучеле многу примамливо“, вели Абдула. „Тоа би им користело на многу американски и израелски компании“, додава тој.

Кабинетот на Палестинската управа соопшти вчера дека првата фаза од планот, за која во моментов се расправа, би чинела околу 20 милијарди долари во текот на три години.

„Моите разговори со арапските лидери, последниот со кралот Абдула, ме убедија дека имаат навистина реална проценка за тоа каква би требало да биде нивната улога“, им кажа американски0от сенатор Ричард Блументал на новинарите во Тел Авив за време на посетата на Израел.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Израел чека да го процени планот за да биде обликуван, но предупреди дека секаков план со Хамас во газа не е прифатлив.

„Кога ќе го слушнеме, ќе знаеме како да му пристапиме“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ