недела, 23 февруари 2025

Дмитриј Медведев: Нападот на Украина врз рускиот гасовод е удар за Америка и лично за Трамп

Нападот на украинските вооружени сили врз системот на Конзорциумот на Каспискиот гасовод (ЦПЦ) со помош на беспилотни летала е троен удар за американските компании, за нафтениот пазар и лично за американскиот претседател Доналд Трамп, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој предупреди дека инцидентот би можел да го дебалансира пазарот и да го зголеми растот на цената на нафтата, бидејќи ЦПЦ, меѓу другите, вклучува и инвеститори од Европа и САД и е најголемата рута за транспорт на касписката нафта на светските пазари, пренесува РИА Новости.

Медведев, исто така, го спореди украинскиот напад врз ЦПЦ со „бесно животно“ што го гризнало својот сопственик.

„Бесно животно го касна својот сопственик. Пренахранетото, дебело суштество се нафрлило на својот сопственик, кој престанал да го храни и дури почнал да размислува да го стави досадното животно под нож. И тогаш, во очај, суштеството реши да го гризне својот сопственик, и тоа силно“, рече Медведев.

Тој потсети на намерите на американскиот претседател да постигне намалување на цената на нафтата и го опиша нападот врз ЦПЦ како „троен удар за американските компании, за нафтениот пазар и за Трамп лично“, пренесува ТАСС.

Постројката за транспорт на нафта на Конзорциумот Касписки гасовод, НПС Кропоткинск, беше нападната од седум беспилотни летала, натоварени со метални делови покрај експлозив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ