Од вечерва по полноќ новата малопродажна цена на Еуродизел БС (Д-Е V) е 81 денар за литар, а на нафтата за домаќинствата (ЕЛ-1) – 80 денари.
Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, Еуросупер БС – 98 за 83 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 45,087 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,257 отсто, кај дизелот за 3,292, кај екстра лесното масло за домаќинство за 3,677 и кај мазутот за 1,371 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,155 отсто.