„Македонската влада е непоколеблива во својата заложба за поттикнување на развиена економија. Наша примарна обврска и фокус се економијата и промоција на нови инвестиции. Со нови, таргетирани мерки, веќе ја менуваме инвестициската клима. Стануваме вистински партнери на бизнисот. Јапонија има огромен економски и инвестициски потенцијал и може да стане важен партнер за забрзан раст на Македонија. Благодарам на големиот интерес од јапонските компании. Силно верувам дека наскоро ќе ја видиме и првата јапонска инвестиција во земјава“, изјави Димовски.
Тој нагласи дека ќе продолжи да работи на унапредување на соработката меѓу ЏЕТРО и ТИРЗ со која се отвораат нови можности за јапонските компании.
Јапонските компании, изразија задоволство од презентацијата и можноста директно да се запознаат со инвестициските можности кои ги нуди земјава. Јапонските компании најмногу се интересираа за достапноста на квалификувана работна сила во предизвиците и критичните фактори што треба да се земат предвид при влез на македонскиот пазар и потенцијалот за соработка со македонски компании.
На настанот свое обраќање имаше и јапонскиот амбасадор во земјава, Оцука Казуја како и генералните директори на ЏЕТРО во Виена, Варшава, Прага, Будимпешта, Букурешт кои ги презентираа економските потенцијални на Балканскиот регион и на Централна и Источна Европа.