За овие постапки на Филев неколку пати реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи. Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ?
Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема“, се вели во последната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на овие инциденти предизвикани од Филев.