петок, 26 јули 2024

Директорката на Токсикологија им забранила на вработените да комуницираат со новинари

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Беса Иљази вчера издала наредба со која на вработените на клиниката им се забрануваат средби со новинари, дознава МКД.мк обезбедувајќи го и текстот на наредбата.

Објавено на

часот

Сподели

За ваквата одлука, Илјази се повикува на два члена од статутот на Клиниката за токсикологија.

„Организацискиот директор донесе наредба за забрана за неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување на конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично, со што би се нанело штета на интересите и на угледот на клиниката. Средби со новинари само со претходно известување до в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи на санкции“, пишува во наредбата што утрово била поставена на огласната табла на клиниката.

Во наредбата никаде не пишува според кои закони и какви санкции се предвидени доколку вработените во Клиниката за токсикологија контактираат со новинари.

МКД.мк прв објави за случувањата на оваа клиника, за тоа дека организациската директорка Беса Илјази не го знае ниту го говори македонскиот јазик, во комуникација со вработените во улога на преведувачки ги става своите две секретарки, а на работа често доаѓа со татко ѝ како еден вид обезбедување.

По ова на површина излегоа проблемите со кои се соочуваат вработените во клиниката. Доктори од Токсикологија на прес конференција укажаа на тоа дека клиниката се „дави“ во долгови, дека таму владее хаос и дека пациентите со месеци чекаат на валидизирање на резултатите од своите испитувања.

Министерот за здравство пред изборите најави, а веднаш по изборите го разреши медицинскиот директор Данил Петровски, а за организациската директорка Илјази рече дека ќе директорува сѐ додека не го прекрши законот.

Дополнително на површина излезе и скандалот дека пет медицински сестри, тројца болничари, еден лаборант и двајца биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија, состојба што ја утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонрeдниот инспекциски надзор, а по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ