понеделник, 20 мај 2024

11 луѓе незаконски пружале здравствени услуги на Токсикологија, утврди ДСЗИ

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија, утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонрeдниот инспекциски надзор по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија, поднесена поради незадоволство од работењето на клиниката особено со статусот на здравствените работници и соработници кои работеле без никаков договор за вработување после 31.12.2023. МКД.мк пред повеќе од еден месец објави дека Клиниката за токсикологија се соочува со сериозни проблеми.

Објавено на

часот

Сподели

„Издадено е решение здравствени услуги на клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници, соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор  да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност. Клиниката има рок од пет дена да ги отстрани констатираните недостатоци“, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Долг од два милиони денари, хаос, со месеци чекање валидизирани резултати – се само дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во Клиниката за токсикологија откако за вршителка на должноста организациска директорка е назначена Бесија Илјази се пожалија вчера на прес конференција вработени во Клиниката за токсикологија. Изјава даде и организациската директорка на клиниката, Бесија Илјази но, само на албански јазик. Министерот за здравство Илир Демири пак најави дека денеска ќе го разреши медицинскиот директор на клиниката, д-р Данил Петровски, а за Илјази кажа дека работи добро. МКД.мк прв објави дека Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника и таа ретко доаѓа на работа и тоа со својот татко кој како да е нејзино обезбедување.

И покрај тоа што докторите на Клиниката за токсикологија вчера на прес конференцијата го потврдија пишувањето на МКД.мк за проблемите на оваа клиника особено во соработката со економската директорка Бесија Илјази, министерот за здравство Илир Демири, вчера го разреши медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ