четврток, 20 февруари 2025

Димитријевиќ: До мечот со Естонија ќе се воиграме со Шортс

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ верува дека ќе се вклопат добро со Ти Џеј Шортс за доброто на нашата репрезентација пред дуелите со Естонија и Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата евролигаши, Димитријевиќ и Шортс првпат ќе играат заедно за Македонија, па ќе биде интересно да се види како двајцата ќе функционираат.

„Естонија се незгодна репрезентација. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот. Мислам дека двајцата (со Ти Џеј Шортс) сме добри играчи и дека може за два три дена да се навикнеме еден на друг и да направиме да функционира оваа врска за успех на репрезентацијата, што е најважно. Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво мислам дека треба да бидеме пофизички. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Tреба да излеземе од прва минуста за победа“, изјави Димитријевиќ.

Македонија во петок игра во Естонија каде што треба да победиме со најмалку пет поени разлика, во понеделник ја пречекуваме Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ