среда, 23 октомври 2024

Дигиталниот сектор беше темата на разговорите на Мицкоски со Павловски, основачот на Рамбл

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски денес оствари средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Рамбл (Rumble), Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

 

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе нашата држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество.

Беше разговарано заповеќе можности за економска соработка во различни области во државата.

Делегацијата имаше средби со неколкумина министри на кои се разговараше на повеќе теми. Ќе направиме големи промени и ќе го подобриме квалитетот на животот, напиша вицепремиерот Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ