среда, 23 октомври 2024

Џафери за случувањата во ДУИ: Секој треба да се огледа во огледало и да се потсети кај му е местото

Објавено на

часот

Сподели

„Секој од нас треба да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото за да знае понатаму што се случува. Јас лично за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа. Барем за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа кому што му треба информативно. Впрочем соодветната институција спровела соодветна годишна програма која што ја има во која што сум бил вклучен со сите процедури, значи и известен дека сум дел од Програмата за верификација на она што сум го пријавил во анкетниот лист, завршена е таа процедура. Така што, секој за себе треба да си гледа пред огледало и тоа ја чини после целината. А секој во себе што има проблеми треба да биде коректен и за тоа барем на лидерот треба да му каже и да си најде начин како да се ослободи и да го ослободи од таа перцепција и субјектот, оти нема коруптивни субјекти, сега колективни“, вели Џафери.  

На прашањето дали ДУИ може со „интерен“ ветинг да ги реши работите во партијата, вели дека тука е проблемот во смисла на она што се дефинира. Потсетува дека лидерот на партијата Али Ахмети уште на конгресот кажал дека тие како партија се отворени за институциите. 

„Самиот лидер кажа „не се сите цвеќе за мирисање“ и затоа има институции и тоа.. или да се озакони со закон за ветинг. Но, кога размислувале за тоа, барем она што го имам како сознание од разговорите внатре во коалицијата, се раководеле искуствено од општиот ветинг како што го започна процесот Албанија, па искуствено значи не излезе баш најдобро да се пресече се, па наново оти се ствараат празнини во делувањето, туку мора да се најде начин како тоа ќе се спроведе“, вели Џафери. 

Во однос на нападите кон него лично потенцира дека смета дека треба да каже свој став за тоа што било кажано, но дека му било чудно дека некои сопартијци излегле од партијата со активност за организирање движење, а сега се враќаат назад. И сега што, прашува тој, ќе бидат „добри момци“.   

„Додека траеше сета таа ситуација на паралелни изјаснувања не бев и не сакав да станам дел од тоа. Да, точно е, јас на средбите со граѓаните по однос на напорот работиве да се држат внатре во субјектот како што впрочем и изјавите на дотичните коишто се засегнати со ова беа дека ова е работа за внатре да си дебатираме, да имаме слобода која што сме ја имале секогаш, но кога работиве веќе излегоа надвор од партијата секако како структура кога одевме со граѓаните требаше да пратиме порака дека треба да останеме сите во куќата и куќата не е на продажба. Ако се сеќавате на првите изјави. Е како одговорот на тоа се преточи контраодговорот на лична основа со квалификации со коишто сме оквалификувани. Првично дека сум работел за сметка на Арбен Таравари како кандидат што нема апсолутна вистина, ни „а“ од тоа, оти активностите со коишто сум работел на тој процес си го знаат спротивното од она што е тврдено и секако требаше да пратам порака ако веќе излегле надвор од субјектот со активност со организирање паралелна организација како движење ми беше чудно – пу, пу не важи, се враќаме назад, сега ќе бидеме што „добри момци“?, вели Џафери.

Негов став е дека парламентарните избори треба да се одржат во редовниот термин, а пресметки дали ДУИ ќе изгуби гласови за сметка на новото движење на Изет Меџити, кој се здружува со Беса и со Алтернатива, вели дека треба да направат во партијата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја истакнува важноста за иднината на државата од носењето на уставните измени, потенцирајќи дека тежината на процесот е кон власта, но оти насушна е потребата за вклучување и преземање на дел од одговорноста и на опозицијата за иднината, а не за решение за наредни избори. Седницата за уставни измени почнува на 18 август, а дебатата треба да заврши на 31 август, но вели тој, гласањето може да биде одложено, а ако нема услови воопшто и да не се случи. 

„Седницата на 18-ти август ќе се отвори и ќе се усвои дневниот ред како што е постапката, затоа е потребно присуството од 61 пратеник, а гласање минимум една третина од вкупниот број. Тоа е општ принцип и секако се отвора дискусија, дебата, се повикува според процедурата да се отвори дебата. Што ќе биде, како ќе биде не можам да кажам сега оти не можам да предвидам. Но, обврска ми е да имам испланирано десет работни дена да може да работи Собранието доколку има пријавено за збор за толку, значи максимумот за да трае дебатата е десет дена. Десеттиот ден завршува дебатата без оглед дали останале уште говорници или не“, појаснува Џафери. 

Според пресметките, десетиот ден за дебата би бил 31 август, но Џафери исто така посочува дека доколку нема двотретинско мнозинство гласањето може да биде одложено, но и дека тоа може и да не се случи, со што постапката за уставни измени завршува. 

„Во секој случај, и отворена е можноста и постои таква пракса и гледате, еве скоро цел мандат одложено гласање поради калкулација на пратениците со кворумот“, додава Џафери. 

Џафери не одговара директно до кога може да се одложува гласањето во првата фаза односно за утврдување на потребата за носење на уставните измени, за да се стаса до ноември или до крајот на годината со уставните измени за да може да се отвори патот за одржување на втората меѓувладина конференција.  

За тоа дали власта има калкулации за рокот до кога би можело да има некаков дијалог со опозицијата и да се најде начин за гласање на уставните измени, Џафери нагласува дека „во суштина процедурално може“ да има одлагање и „да не се случи воопшто гласањето“.

Навраќајќи се на искуството од 2008 година кога требаше да станеме членки на НАТО, вели дека „не мора да ги повториме грешките“. Историски, додава тој, се преземени многу одлуки за коишто во времето на одлучување имало спорни мислења.

„Еве, во предвечерие сме на Илинденско востание, така? Донесена е одлука ќе се оди во вооружено дејствие. Мислите сите беа едногласни во таа одлука? Не. Но, од перспектива 120 години се има држава за која што првичната одлука со сиот ризик не политички, туку физички ризик, така, но имале доблест затоа што мислеле за иднината, а не мислеле за својот статус свој. И ние овде што побрзо се свестиме и да мислиме за иднината и за тие идни генерации коишто ќе наследат работа овде, да им оставиме барем растеретен отворен пат по којшто ќе можат да се развиваат и да си одат понатаму. За окружувањето сега безбедносно што позиција би била наша да сме биле надвор од НАТО институцијата? Како ќе бевме третирани?“, потенцира Џафери. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ