Ми претставува особена чест доделената доверба од партиските органи за номинација на наредната функција – технички премиер во Владата во последните 100 дена, рече Џафери во пораката.
„И оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор на поддршката искажана од партиските органи, а пред се и од граѓаните на Република Северна Македонија“, порача Џафери.
Денеска ДУИ донесе и одлука Фатмир Бесими да го предводи изборниот штаб на партијата. Лидерот на ДУИ; Али Ахмети е овластен да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.