„Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Детали од МВР за пукањето во Арачиново: Со автоматска пушка е пукано кон градоначалникот Ибраими
По обидот за атентат врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими Министерството за внатрешни работи излезе со први детали за пукањето. Од МВР велат дека денеска нешто по 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на општината.
Објавено на
часот