понеделник, 21 октомври 2024

Десет години ништо не сработило владиното Меѓуресорско тело против корупцијата

Објавено на

часот

Сподели

Во Решението до кое дојде МКД.мк, меѓу другото, пишува дека престанува да важи претходно донесеното Решение за именување на раководител, членови и секретар на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

„Со ова решение престанува да важи Решението за именување на раководител, членови и секретар на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата“, пишува во документот.

хјј

Од Владата ја потврдија информацијата на МКД.мк и велат дека по предлог на Министерството за правда на 164 седница е донесена Одлука за формирање на ново Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупција.

Меѓуресорското тело се формира заради јакнење на меѓу-институционалната соработка и координација на активностите за креирање политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата, вклучително и за обезбедување техничка поддршка, спроведување на мерки или активности предвидени со национални или меѓународни стратешки или програмски документи од областа антикорупција, усогласено собирање и обработка на податоци за следење на состојбите со корупцијата и обезбедување придонеси за подготовка на извештаи и други материјали за известување на меѓународни организации и тела во врска со имплементација на препораки и стандарди од областа Антикорупција, велат од Владата.

Освен ова на владината седница биле утврдени конкретните задачи што треба да ги сработи ова координативно тело, а тоа е да координира и да дава насоки за усогласено собирање и обработка на податоци за следење на состојбите со корупцијата, усогласено креирање на антикорупциски политики, усогласено спроведување на мерки и активности предвидени со стратешки и програмски документи  и усогласено известување за имплементацијата на препораките и стандардите од областа антикорупција.

Наместо како досега раководител на ова тело да биде државниот секретар во министерството за правда, претседавач на ова меѓуресорско тело ќе биде вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска.

„Претседавач на Меѓуресорското тело е заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, а во негово отсуство со Меѓуресорското тело претседава лице овластено од претседателот на Владата, од редот на членовите во состав на Меѓуресорското тело, велат за МКД.мк од Владата.

Во документот до кој дојде МКД.мк, а се однесува на формирање на целосно ново Меѓуресорско тело против корупцијата пишува дека ова тело ќе биде составено од претставници на Јавно обвинителство, Судски совет, Советот на јавните обвинители, Државна комисија за спречување на корупцијата, Државен завод за ревизија, вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Управа за финансиска полиција – Министерство за финансии, Царинска управа, Управата за финансиско разузнавање, Бирото за јавни набавки, Агенција за управување со одземен имот, Секретаријатот за европски прашања и Делегација на Македонија во ГРЕКО.

јлј

Кој сѐ ќе биде член во ова Меѓуресорско тело ќе одлучува министерот за правда Кренар Лога. Секретарот на ова тело ќе биде од редот на вработените во Министерството за правда.

За својата работа, Меѓуресорското тело ќе треба да ја информира Владата најмалку еднаш годишно.

Меѓуресорското тело за прв пат е формирано во 2006 година кога премиер беше Владо Бучковски.

                                                                                                                              Искра Опетческа

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ