понеделник, 21 октомври 2024

Денеска во Скопје марш за женски права „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“

Во Скопје денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март, ќе се одржи Марш за женски права. Маршот ќе почне во 17 часот од Плоштадот „Скендербег“ под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.

Објавено на

часот

Сподели

Рутата на маршот ќе заврши во Паркот „Жена Борец“, со завршни обраќања до јавноста и институциите.

Од Платформата за родова еднаквост информираат дека осма година по ред маршираат за да потсетиме дека женските права се важни, секој ден, во секој сегмент од живеењето.

„Во период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори, потсетуваме дека правата на жените не се за преговарање!  Повлекуваме црвени линии за нашите здравствени, образовни, работнички, културни, политички и економски права! Затоа што сите ние мора да имаме загарантирани еднакви права и можности – еднаков пристап до здравствени услуги без да биде загрозена нашата автономија, достапност на бесплатни гинеколошки прегледи во секој град и во секое населено место, менструални и хигиенски продукти, достојни болнички услови и лекарска експертиза, еднакви плати за иста работа, вклученост во донесувањето на одлуки, безбедност на работното место, вреднување на неплатениот домашен труд, живот без насилство – физичко и дигитално, безбедност во јавниот и приватниот простор, фер и непристрасно институционално постапување, независност и сигурност – во сите сегменти од живеењето“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Од Платформата за родова еднаквост повикуваат до граѓаните да им се приклучат на маршот и да мнаршираат заедно за да се крене гласот за женските права и црвените линии кои не смеат да се преминат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ