четврток, 23 јануари 2025
Вицепремиерот со најава

Денеска Владата ќе одлучува за намалување на функционерските плати, најави Битиќи

Функционерските плати, кои годинава беа покачени за дури 78 проценти, што предизвика лавина негативни реакции во јавноста, денеска ќе бидат тема на седница на Владата. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе биде поднсено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани. 

Објавено на

часот

Сподели

„Минатата недела Владата донесе одлука и задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави синоќа Битиќи во интервју на телевизија 24.

Тој нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.

Законот за минимална плата е закон кој, рече, мора да го почитува и јавниот и приватниот сектор, а следното усогласување мора да се случи во март, кога минималната плата ќе се усогласи со стапката на инфлација и растот на просечната плата, додека пензиите се усогласуваат два пати годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ