петок, 8 ноември 2024

Денеска новогодишно обраќање на претседателот на државата пред пратениците

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Обраќањето на шефот на државата е согласно член 85 став 1 од Уставот, во кое ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на 134. собраниска седница.

Објавено на

часот

Сподели

Обраќањето на Пендаровски во Собранието е последно во неговиот мандат. 

По обраќањето на Пендаровски, доколку во Собранието има кворум, би можеле да се одржат продолженија на седници за кои има услови за тоа. 

Обраќањето ќе се пренесува во живо на Фејсбук профилот и Јутјуб каналот на претседателот Пендаровски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ