понеделник, 21 октомври 2024
Поради неуредна достава до сведоците

Денес нема да има судење против Мерко за незаконско поставување на директори

Во Основниот суд во Струга нема да се одржат двете закажани рочишта закажани за денес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта поради немање уредна достава до сведоците. Од судот информираат дека имале проблеми со достава до сведоците.

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата сведоци кои требаше денеска да бидат сослушани, по двата предмети, не се во можност да присуствуваат на рочиштето“, изјави адвокатот на Мерко, Игор Петкоски.

Во својство на сведоци денеска требаше да се појават поранешниот министер за образование Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ