среда, 23 октомври 2024

Демократските лидери од сите 50 сојузни држави ја поддржаа кандидатурата на Камала Харис

Сите 50 претседатели на Демократската партија од сојузните држави ја поддржаа Камала Харис како нов претседателски кандидат кој ќе му се спротивстави на републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателите одржаа конференциски повик откако претседателот Џо Бајден објави дека се повлекува како кандидат на партијата.

„По најавата на претседателот Бајден, нашите членови веднаш се собраа за да се обединат зад кандидатот кој има историја на победа на тешки избори и кој е докажан лидер за прашања што се важни за Американците, вклучително и репродуктивна слобода, спречување на оруженото насилство, заштита на климата, законски реформи и обнова на економијата“, се вели во соопштението на Кен Мартин, претседател на Асоцијацијата на државните демократски комитети.

Хипотетичките анкети пред Бајден да се откаже покажаа дека Камала Харис заостанува зад Трамп со 2 процентни поени, 46% спрема 48%, додека Бајден заостанува 44% спрема 47%.

Анкетите во клучните сојузни држави за добивање на изборите, спроведени по атентатот врз Трамп и пред да се повлече Бајден покажаа дека Харис заостанува зад Трамп за еден процентен поен во Пенсилванија и води со пет процентни поени во Вирџинија. Нејзината поддршка меѓу жените, помладите гласачи и црните гласачи е посилна од онаа на Бајден, пишува Њујорк Тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ