понеделник, 21 октомври 2024

Делови од Центар и Ѓорче Петров останаа без вода

Поради дефект на водоводни цевки од утрово делови од скопските општини Центар и Ѓорче Петров останаа без вода, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Во општина Центар прекинот во водоснадувањето е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица Страшо Пинџур 11 и без вода се дел од жителите на улиците Цицо Поповиќ, Страшо Пинџур и Никола Караев. Во општина Ѓорче Петров пак, прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-80 милмиетри на улица Ѓорче Петров 82. Без вода се десет куќи во близина на дефектот“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што велат оттаму водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ