вторник, 22 октомври 2024

Деканот на Градежен пред 15 години реагирал за стабилноста на објектите кај Клинички

Актуелниот декан на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски денеска изјави дека наишол на молк од тогаш надлежните кога пред 15 години реагирал за стабилноста на објектите на Водно каде што се наоѓа и Клиничкиот центар Мајка Тереза каде минатата недела падна потпорен ѕид над Детската клиника.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Уште пред 15-тина години лично испрати писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочив дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар. За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни“, потенцира Марковски.

Тој апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид.

„Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо“, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.

Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне целосно и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ