петок, 25 октомври 2024

Дејан Георгиевски освои златен медал во Загреб

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски се закити со златен медал на Загреб Опен Г1, кој викендов се одржуваше во Хрватска.
 

Објавено на

часот

Сподели

Олимпискиот вицепрвак во таеквондо најпрво славеше против Марко Насо од Италија, а потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил за на крајот да го совлада Брајан Зондероп и да освои златен медал.

Ова е второ злато за Георгиевски месецов, откако претходно беше најдобар и на турнирот Г1 Тирана Опен.

s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ