понеделник, 21 октомври 2024

„Дегзит“: Десничарската Алтернатива за Германија се залага за референдум за излегување од ЕУ

Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) вети дека, во случај да дојде на власт, ќе се залага за референдум за излегување на таа земја од Европската Унија, како во случајот на брегзитот, кажа шефицата на партијата Алис Вајдел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа воедно го поздрави излегувањето на Британија од европското семејство, а самиот брегзит го поздрави како „модел за Германија“.

„Тоа е модел за Германија, и ние да можеме да донесеме таква суверена одлука“, кажа таа во интервју за Фајненшал тајмс.

Вајдел, лидерка на партијата од 2022 година, кажа дека десно ориентираната влада на АфД би се обидела да ја реформира ЕУ и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучувајќи и ограничувања на овластувањата на Европската комисија, која ја нарече „неизбрана извршна власт“.

„Ако реформа не е можна, ако не успееме повторно да го изградиме суверенитетот на државите членки на ЕУ, би требало да оставиме народот да одлучува, како што направи Британија и би можеле да имаме референдум за „дегзит“ – излегување на Германија од ЕУ“, кажа таа.

Оваа идеја е спротивна на ставовите на мејнстрим партиите во Германија кои се посветено проевропски ориентирани. Покрај тоа, германскиот устав поставува строги ограничувања за референдумите со национални прашања, но дури и ако се одржи, анкетите покажуваат дека повеќето Германци би гласале за останување во ЕУ.

Поддршката на ЕУ е најслаба меѓу гласачите на АфД.

Партијата Алтернатива за Германија има сè поголема поддршка, која според анкетите е на 22 отсто, пред сите три партии од кревката коалиција на канцеларот Олаф Шолц, социјалдемократите, зелените и либералите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ