Откако беше разрешен од функцијата, Дедај неговото разрешување го сметаше за политичка одмазда.
Советникот на претседателката за медиуми, Беким Купина, за Коха изјави дека Дедај бил пријавен кај властите поради јавната закана што ја упатил до Османи.
„Како што предупредивме, Ѓерѓ Дедај е пријавен кај органите на прогонот поради јавна закана по животот и безбедноста на претседателката Османи и нејзиното семејство“, рече Купина.
На обвинението реагираше Дедај, кој на Фејсбук напиша: „Злоупотребата на власта за прогон на политички противници е КРИМИНАЛ! Долу клевети, линчови, дискриминација, уцени и политички сталинистичко-болшевички прогони во Косово, на политичка, идеолошка, полова, регионална, партиска, етничка и верска основа“.
Косовските медиуми пишуваат дека обвинението е резултат на изјава која Дедај ја дал во телевизиска емисија.
За време на телевизиско гостување, Дедај рече дека се чувствува загрозен од, како што рече, „кланот Османи“, додавајќи дека тој и неговото семејство, кои потекнуваат од Ѓаковската Висорамнина, постапуваат според канонот на Лек Дукаѓин, што е збир на традиционални албански закони.
Дедај ја даде оваа изјава откако беше разрешен од функцијата амбасадор на Косово во Македонија.