Батеријата од 20 до 80 отсто со стандардно полнење (7 киловат часови) стигнува за околу 40 часа и 10 минути, но ако се користи брзо полнење (100 киловат часови), процесот трае само 26 минути.
Електромоторот со сила од 113 коњски сили овозможува забрзување од 0-100 км/ч за околу 11 секунди, а прогнозираната максимална брзина на автомобилот изнесува 135 км/ч.
Почетната цена на моделот ќе биде 23.300 евра, бидејќи Ситроен сака да влезе во сферата на достапни електрични автомобили, а ќе има две верзии во зависност од нивото на опрема: „ју“ и „макс“.
Ситроен за 2025 година најави и поевтина верзија на е-Ц3 со радиус од 200 километри, а нејзината цена ќе почнува од 19.900 евра.
Што се однесува до дизајнот, новиот Ц3 на струја има различни пропорции од актуелниот модел со мотори со внатрешно согорување и повеќе личи на кросовер, иако задржал некои стилски детали карактеристични за поновите модели на француската марка.
Механички е заснован на платформата на Стелантис која ќе ја дели со други „сестрински“ модели на компанијата, вклучувајќи ја најавената фиат панда.
Претходно се шпекулираше дека е-Ц3 би можел да се произведува во Србија, заедно со електричната панда, но Стелантис соопшти дека овој модел ќе се склопува во Словачка.
Почетокот на продажбата е најавен за вториот квартал на 2024, а новиот електричен ситроен прво ќе им биде понуден на купувачите во Франција, Германија, Белгија, Австрија, Португалија, Полска, Италија и Шпанија.