сабота, 19 октомври 2024

Данска ја зајакна граничната контрола. „Палењето на Куранот ја влоши безбедноста на земјата“

Објавено на

часот

Сподели

Антиисламски активисти во Данска и Шведска запалија и оштетија неколку копии од муслиманската света книга во последниве месеци, што предизвика бес низ муслиманскиот свет и барања од владите да ги забранат таквите дела.

„Властите денеска заклучија дека во овој момент е неопходно да се зголеми фокусот на тоа кој влегува во Данска, за да се одговори на конкретни и актуелни закани“, се вели во соопштението на данското министерство. Засилените гранични контроли ќе стапат на сила од 10 август, се вели во соопштението.

„Неодамнешното палење на Куранот, како што тврди безбедносната полиција, влијаеше на моменталната безбедносна ситуација“, рече во изјавата министерот за правда Питер Хумелгард. Одлуката за заострување на граничните контроли со повеќе проверки на патниците кои доаѓаат во Данска уследи по сличен потег на Шведска.

Двете влади го осудија палењето и рекоа дека размислуваат за нови закони кои би можеле да го запрат. Но, домашните критичари велат дека ваквите одлуки ќе ја поткопаат слободата на говорот заштитена со уставот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ