недела, 23 февруари 2025

Даниела Алексовска стана европска шампионка во ММА (ВИДЕО)

Македонија освои и второ злато на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград, химната се интонираше во чест на Даниела Алексовска која во финалната борба уште во првата рунда доминантно ја победи Украинката Анастасија Хордовиска од Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Кратко траеше борбата меѓу Алексовска и Хордовска, нашата Даниела уште во првата рунда победи благодарение на еден маестрален зафат, триаголник со нозе. Судијата мораше да го прекине мечот и да додели победа за Македонката.

Алексовска со многу емоции го прослави златниот медал, и течеа солзи за време на интонирањето на македонската химна.

На ова Европско првенство претходно со злато се закити и Марко Трајановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMMAF (@immafed)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ