петок, 18 октомври 2024

Даниел Роланд, младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ на концерт во Филхармонија

Објавено на

часот

Сподели

На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите бритaнски и светски виолинисти – Даниел Роланд. 

Концертот е насловен „Earth4All“ и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета.

Младинскиот оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ. 

Фаме’с европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика.  

Концертот на Младинскиот оркестар на Европската унија се релизира како соработка меѓу Институтот „Фејмс“ и Филхармонија на Македонија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ