„Спроведовме акција за чистење на нашата општина. Глетката што ја имавме пред два дена не смее да се повтори. На терен се 120 хигиеничари и со целосна механизација, со цистерна, со метларки и со камион се чистат улиците и се собира сметот. Општинските служби и вечерва и утре продолжуваат со работа во обезбедувањето на почист и посреден Центар. Апелирам Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да се фатат за работа, да ги чистат контејнерите и да ги одржуваат улиците чисти во општините каде што имаат надлежност“, се наведува во писмената изјава на градоначалникот Горан Герасимовски.
Акцијата на Општина Центар, како што се додава во соопштението, продолжува и во текот на утрешниот ден.
„Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Општинските служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во централното градско подрачје. Центар не чека, Центар чисти“, се истакнува во соопштението на локалната самоуправа.